Букеле: Мнозинството светски лидери превентивно пијат хлорокин

Од:

Претседателот на Салвадор, Најиб Букеле денеска изјави дека „мнозинството светски лидери“ користат хлорокин, лек чие дејство во лекувањето на новиот коронавирус не е докажано.

– Го користам како превентива. Претседателот Трамп го користи за превенција, како и поголемиот број светски лидери, наведе Букеле.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека превентивно пие хлорокин за време на епидемијата со Ковид-19, додека во неделата истакна дека повеќе не го користи лекот.

Хидроксихлорокинот првенствено се користи за лекување на маларијата.

Светската здравствена организација неодамна соопшти дека поради безбедносни причини го стопира испитувањето на тој медикамент за лекување на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ужас во Ел Салвадор, најмалку 12 жртви во навивачко стампедо

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска