Бројот на жртви во тропската бура Ана во Јужна Африка се зголеми на седумдесет

Од:

Бројот на жртви во тропската бура Ана во Јужна Африка денеска се зголеми на седумдесет.

Во понеделникот таа го зафати Мадагаскар, а потоа и Мозамбик и Малави. Сè уште се проценува целосниот обем на штета што го предизвика бурата.

Мадагаскар соопшти дека има 41 жртва, во Мозамбик загинаа 18 лица, а 11 го изгубија животот во Малави. Бурата премина и на Зимбабве, но таму не се соопштени смртни случаи.

Десетици илјади домови се оштетени во трите најпогодени земји.

Мостови беа однесени од надојдени реки, стоката се удави, а потопени се и нивите, уништувајќи ја егзистенцијата на семејствата во селата.

Во Мадагаскар 110.000 лица мораа да ги напуштат своите домови. Во главниот град Антананариво, училишта и спортски сали се претворени во засолништа за итни случаи.

Во северниот и централниот дел на Мозамбик, бурата Ана уништи 10.000 куќи, десетици училишта и болници и урна далноводи.

Метеоролошката служба на Мозамбик очекува во наредните денови да се формира нова бура над Индискиот Океан. До крајот на сезоната на дождови во март, се очекуваат до шест тропски циклони.

Во Малави, Владата прогласи состојба на природна катастрофа.

Поголемиот дел од земјата остана без електрична енергија на почетокот на неделата. Електричната енергија беше вратена во некои делови.

– Сега ни е приоритет да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во здравствените установи, системите за третман на вода, како и во училиштата, се наведува во соопштението на националната енергетска компанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски