Бројот на загинати во свлечиштето во Мјанмар се зголеми на 110 лица

Од:

Бројот на загинати во свлечиштето во близина на рудник за жад  во Северен Мјанмар се зголеми на 110 лица, а судбината на сто е неизвесна, соопшти претставник на локалните власти, јави ДПА.

Претставникот истакна дека властите не располагаат со точни податоци за бројот на луѓе, кои биле во областа. Тој изјави дека повеќето се мигранти, кои барале мали скапоцени камења од остатоците од работата на рударските компании.

Свлечиштето се појави во близина на рудник за скапоцени камења и злато во саботата по дождовите во градот Хпакант, на 350 км северно од Мандалај.

Свлечиштата се честа појава во реонот, каде се остварува 90 отсто од светската добивка на жад.

На крајот на март најмалку десет лица загинаа во свлечиште во близина до други рудници за жад во реонот.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар