Бројот на загинати од потонатиот јужнокорејски траект достигна 159

Од:

Бројот на потврдени жртви при потонувањето на траектот на 16 април во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја, се искачи на 159 лица.

Над 143 лица се уште се водат како исчезнати, додека нуркачките екипи ја продолжуваат операцијата за нивно пронаоѓање. Властите стравуваат дека 302 од вкупно 476 лица, кои биле на траектот на 16 април се загинати.

Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323-та ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект „Севол“ пред една недела. Само 174 лица се спасени во првите часови по несреќата.

Повеќето членови на екипажот се спасени. Дваесетмина од 29-члениот екипаж, меѓу кои и капетанот на фериботот, се приведени по различни обвиненија.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски