Бројот на случаи на згрутчувања по вакцинирањето со „Астра зенека“ е речиси ист како и кај „Фајзер“ и „Модерна“

Од:

Универзитетот Оксфорд спровел истражување кое покажало дека бројот на лица кај кои е забележано згрутчување на крвта откако примиле вакцина против Ковид-19 „Фајзер“ или „Модерна“ е приближно ист колку на оние кои имале тромбоза по вакцинацијата со „Астра зенека“.

Во истражувањето вели дека кај четири од еден милион лица по примањето на вакцина од „Фајзер“ или „Модерна“ се јавила тромбоза, додека кај лицата кои се вакцинирале со „Астра зенека“ тој број е пет од еден милион.

Студијата, исто така, потсетува дека ризикот од згрутчување по вакцинирањето со која било вакцина е далеку помал од оној кој го носи заболувањето од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа