Бројот на сириски бегалци надмина 850.000, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци

Од:

Бројот на Сиријци, избегани од својата земја за да се спасат од граѓанската војна, надмина 850.000 лица, соопшти денеска во Женева Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Пред една година ОН имаше регистрирано 33.000 сириски бегалци, кои ја напуштиле својата земја, која од март 2011 година е зафатена од бунт против режимот на претседателот Башар ал Асад.

ОН смета дека бројот на бегалците за неколу месеци може да стигне до 1,1 милион.

На почетокот на крвавиот конфликт Сирија броеше приближно 21 милиони жители, потсетуваат агенциите.

Повеќето од бегалците спасот го побарале во соседните Линан, Јордан, Турција и Ирак.

Според оценките на ОН приближно 70.000 лица се убиени од почетокот на насилството во Сирија.

Над четири милиони лица во земјата имаат потреба од помош, покажуваат најновите податоци на светската организација или четири пати повеќе во споредба од пред една година.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град