Бројот на самоубиства кај маринците највисок во последните десет години

Од:

Бројот на самоубиства во Корпусот на морската пешадија на САД (маринци) во активна служба минатата година се зголемил на највисоко ниво во последните десет години, јави денеска Си-Ен-Ен.

Според објавените податоци, лани имало 57 потврдени самоубиства меѓу маринците во активна служба. Потврдено е дека уште 18 маринци од резервните сили лани извршиле самоубиство или нивната смрт се истражува како можно самоубиство.

Телевизијата јави дека воените официјални лица на САД изразуваат загриженост бидејќи многумина од смртните случаи се маринци кои не биле распоредени надвор од земјата и не учествувале во борбени операции.

Командантот на Корпусот на морската пешадија на САД, генерал Роберт Нелер неодамна испратил порака до војниците во која ги замолува да се воздржат од преземање такви драстични мерки со посегање по сопствениот живот. кб

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ