Бројот на нови случаи поради омикрон се дуплира на секои еден и пол до три дена

Од:

Сојот омикрон досега е регистриран во 89 земји и се шири побрзо од делта варијаната. Бројот на случаи се дуплира на секои 1,5 до три дена во подрачјата каде што има локална трансмисија соопшти Светската здравствена организација.

Од СЗО информираат и дека омикрон брзо се шири во земјите со висок степен на имунизација, но сеуште не е јасно дали е тоа поради способноста на вирусот да го избегне стекнатиот имунитет, поради неговата висока заразност или поради комбинацијата да двете причини.

„Уште немаме доволно податоци за одредување на тежината на клиничката слика од омикрон. Потребни ни се уште податоци за да утврдиме колку е оваа варијанта сериозна и како реагира на вакцинацијата и на постоечкиот имунитет“ – велат од СЗО.

Светската здравствена организација предупредува дека болниците во некои места би можеле да бидат пренатрупани поради брзото зголемување на случаите на зараза со Ковид-19.

„ Бројот на хоспитализации во Велика Британија и во Јужна Африка прдолжува да се зголемува, а со оглед на зголемениот број случаи, можно е наскоро здравствените системи да бидат преоптоварени“ – се вели во соопштението од СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа