Бројот на корисници на хероин во САД за една деценија се зголемил за 300.000

Од:

Бројот на корисници на хероин во САД за една деценија се зголемил за околу 300.000. Поголемиот дел од луѓето биле Американци од сите општествени слоеви, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на вчера објавениот извештај на американските Центри за контрола и превенција на болестите.

Експертите сметаат дека ваквиот раст се должи на луѓето кои преминуваат од опиоидните смирувачи на болка кон поевтиниот хероин.

Извештајот на Центрите за контрола и превенција се темели на сведоштва на околу 67.000 Американци, кои секоја година се главниот извор за податоци на американската Влада за употребата на нелегални наркотички средства.

Едно неодамнешно истражувања утврди дека приближно секој трет Американец од анкетираните 1.000 изјавил дека минатата година употребувал хероин. Тоа е зголемување во споредба со двајца на 1.000 во претходната деценија.

Истражувачите констатираат дека луѓето кои користеле опијати смирувачи на болка имаат за 40 пати поголема веројатност да употребат и хероин.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Полициски кучиња нашле дрога и оружје во Велес – уапсени тројца дилери

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница