Бројот на имоти продадени на Руси во Турција е двојно зголемен

Од:

Двојно е зголемен бројот на имоти во Турција продадени на Руси, јавува турската телевизија НТВ.

Во првите седум месеци од годината, бројот на имоти купени во Турција од руски државјани изнесува 6.877, што е зголемување за 223,4 отсто на годишно ниво, покажуваат статистичките податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Во текот на тој период, имаше сериозен пораст на продажбата на недвижности во Турција на странци воопшто. Регистрираниот раст е 57,4 отсто на годишно ниво, а бројот на продадени имоти е 39.322.

Во периодот јануари-јули најмногу живеалишта се продадени во Истанбул – 16.049, а по неа е Анталија – 11.257. Сепак, Анталија е на врвот на листата за јули, со вкупно 1.421 продадени имоти.

Русите најмногу инвестирале во имот во Турција, купувајќи вкупно 6.877 домови. По нив следат Иранците кои купиле 5.315 домови и Ирачаните – 4.405 живеалишта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски