Британското заминување од ЕУ може да го ослабне НАТО

Од:

Доколку британските гласачи на референдумот од 23 јуни се определат Велика Британија да ја напушти ЕУ, тоа би можело да има негативен ефект врз НАТО, изјави американскиот генерал Бен Хоџис, командант на американските сили во Европа.

Во интервју за радио Би-Би-Си, генералот предупредува дека британското заминување од ЕУ, би било „загрижувачко“ затоа што Унијата би можела да се соочи со разделување, во време кога е потребна силна манифестација на заедништвото, наспроти Русија и нејзината политика.

Хоџис смета дека руската „агресија“ во Украина, како и „интервенцијата“ во Сирија претставуваат „закани за европската безбедност“.

Тој вели дека Русија ја „претворила во оружје“ актуеланата бегалска криза, присилувајќи, како што тврди, илјадници луѓе да бегаат кон Европа.

– Потребно е сега НАТО да покаже солидарност, наспроти агресијата од Русија, а единството може да се урне, ако Британија си замине од ЕУ, предупредува генералот Хоџис, посочувајќи на неа како на значен член и предводник во Алијанската и лидер во Европа.

Генералот прифака дека изјаснувањето на референдумот е исклучиво работа на Британците, но забележува дека тој е загрижен од опасните работи да доведат до несакани последици.

– Велика Британија е нашиот (американски) најдоверлив пријател и сојузник меѓу сите еврооски земји, а тоа што се случува на европското копно има стратешко значење за САД, рече во интервјуто за Би-Би-Си американскиот генерал.

Од 28 земји членки на ЕУ, 22 во исто време се и членки на НАТО.
Велика Британија во Алијанската е од самото нејзино формирање во 1949 година, додека во Европската економска заедница (сега ЕУ) земјата е член о 1973 година.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата