Британскиот Парламент гласаше за почнување на процесот за излез од ЕУ

Од:

Процесот за излез на Велика Британија од Европската Унија помина уште една значајна пречка вечерва откако пратениците во британскиот Парламент изгласаа дека Владата може да ги почне преговорите за излез од Унијата.

Со 498 гласа за и 114 против тие ѝ дадоа мандат на премиерката Тереза Меј да се повика на Членот 50 од Договорот од Лисабон – да го почне процесот за излез од ЕУ.

Предлог-законот следната недела повторно ќе се најде пред Долниот дом каде што треба да помине на уште една контрола, на која пратениците можат да предложат и амандмани, за потоа да се гласа и во Горниот дом – Домот на Лордовите.

Со повикување на Членот 50 од Договорот од Лисабон, Велика Британија ќе има две години за преговарање на условите под кои би ја напуштила Унијата со останатите 27 членки.

Премиерката Меј изјави дека сака да го започне тој процес кон крајот на Март оваа година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно