Британски новинар ранет од шрапнел во источна Украина

Од:

Британскиот новинар Грхам Филпс бил ранет во грбот од шрапнел во близина на селото Песков, во источниот украински регион Доњецк, изјави ТВ каналот „Русија-24“.

Новинарот е вон животна опасност. Не се соопштени никави детали за инцидентот во кој е ранет новинарот, кој инаку требало утре да се врати дома. Во моментов тој се наоѓа во болницата „Калинин“ во Доњецк, која е главно упориште на проруските сепаратисти.

Филипс од неодамна работел за рускиот ТВ Канал „Ѕвезда“, а преедходно бил соработник на руската телевизија РТ. При крајот на месец мај тој беше заробен од украинската војска.

Во текот на летото украинските власти го депортираа Филипс и му забранија пристап на територијата на Украина во следните три години.

Во, меѓу време, киевските власти соопштија дека во последните 24 часа тројца украински војници загинале во источна Украина, додека 12 биле ранети при инциденти со кој е прекршен прекинот на огнот.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје