Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател поднесе оставка

Од:

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска изјави дека ќе се повлече од функцијата кога Лиз Трас и официјално ќе ја преземе премиерската должност во Велика Британија.

Британските медиуми пренесуваат дека Пател поднесе оставка само неколку часа откако Трас беше прогласена за победничка на внатрепартиските избори за лидер на Конзервативната партија, за потоа по автоматизам да може да стане следниот премиер на Велика Британија.

Трас утре ќе треба да стане премиерка откако кралицата Елизабета Втора ќе ја покани да формира нова влада на прием во замокот Балморал во Шкотска.

„И честитам на Лиз Трас за нејзиниот избор за наш нов лидер и ќе ја поддржам како наш нов премиер“, напиша Пател во писмото со оставка до актуелниот премиер Борис Џонсон, кое го објави на Твитер.

„Мој избор е да ја продолжам мојата јавна служба во земјата и во изборната единица Висам од резервните клупи штом Лиз официјално ќе ја преземе функцијата и ќе биде назначен новиот министер за внатрешни работи“, рече Пател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

Орце Костов

Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Орце Костов

Судскиот совет ги прифати оставките Радева-Стефкова и Герасимовски: Си одат поради нарушени меѓучовечки односи и идеолошки несогласувања

Орце Костов

Ковачевски: Не размислувам за оставка, мандатот не ми е поврзан со уставните измени

Орце Костов