Судскиот совет ги прифати оставките Радева-Стефкова и Герасимовски: Си одат поради нарушени меѓучовечки односи и идеолошки несогласувања

Од:

Судскиот совет ги констатираше оставките на членовите Мирјана Радева-Стефкова и Зоран Герасимовски на денешната 444-та итна седница.

Радевска-Стефкова си поднесе оставка затоа што, како што рече во образложувањето на причините, имала определени моменти на разидување помеѓу нејзиниот став и заедничкиот став на Судскиот совет.

– Пример е одбивањето на Судскиот Совет да ги достави списите до Врховниот суд како и првите постапки кои што беа водени од страна на Судскиот совет во однос на избор на судии во повисок суд. Потоа следуваше седницата во април кога дојде до разрешување на претседателот кое според мене е незаконито. Мене ми пречеше што таа одлука е дадена без образложение, затоа што сметам дека Судскиот совет сите свои одлуки треба да ги образложи, рече таа и додаде дека меѓучовечките односи во Судскиот совет биле нарушени.

Апелацискиот судија Зоран Герасимовски истакна дека со дел од членовите на Советот имал идеолошки несогласувања.

– Имајќи ги предвид последните превирања, сметам дека треба да си поднесам оставка од проста причина што сметам дека поголем придонес ќе дадам како судија во Апелацискиот суд во време кога сите судови се пренатрупани со предмети, отколку како член на Судскиот совет, рече Герасимовски.

По констатирањето на оставките, Советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип