Вицепремиерот Фетаи си поднесе оставка: Заминувам со крената глава и со чиста совест

Од:

Потпретседателот на Владата – Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски.

Oваа одлука доаѓа по период од повеќе од два и пол месеци во кои Фетаи воопшто не се појавил на своето работно место.

Арбен Фетаи ја извршуваше функцијата вицепремиер задолжен за политики за добро владеење, но неговото подолго отсуство предизвика интерес во јавноста пред и официјално да биде објавено неговото повлекување.

„Во изминатите две години имав чест и привилегија да ѝ служам на државата, придонесувајќи за реформи што имаат за цел зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото — мисија која е исто толку важна, колку што е и неблагодарна. Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но дали работев со максимална посветеност за да поставам здрави темели врз кои може понатаму да се гради? Без никаква дилема, да – наведе Фетаи и подвлече дека „заминува со крената глава и со чиста совест“.

-Им благодарам на сите што ми укажаа доверба, ме поддржаа и соработуваа со мене. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните кои ми беа поддршка и мотивација на секој чекор. Службата на јавниот интерес не завршува со функцијата. Напротив, таа продолжува секаде каде што има потреба од интегритет, храброст и слободни гласови во одбрана на заедничкото добро – напиша Фетаи на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Левица бара разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи

Функционер во Министерството за правда на Италија поднесе оставка поради врски со мафијата

А1он

Премиерот на Република Српска поднесе оставка

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Федерика Могерини поднесе оставка

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски