Британска Агенција за здравствена безбедност: Бустер дозата штити 95% од смрт од омикрон кај луѓе над 50 години

Од:

Бустер дозата на вакцината против коронавирус ја зголемува заштитата од смрт од омикрон варијанта на 95 отсто кај луѓето на возраст над 50 години, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.

УКХСА објави дека околу шест месеци по втората доза на која било вакцина против коронавирус, заштитата од смрт по инфекција со варијантата омикрон била околу 60 проценти кај луѓе над 50-годишна возраст.

Сепак, ова се зголеми на околу 95 проценти две недели по примањето на засилената доза на вакцината.

УКХСА додаде дека податоците сè уште покажуваат високо ниво на заштита од хоспитализација по бустер дозата на вакцината.

Ефикасноста против хоспитализацијата беше околу 90 проценти за Фајзер и падна на 75 проценти 10 до 14 недели по примањето на бустер дозата.

За Модерна, ефективноста против хоспитализацијата беше 90-95 проценти до 9 недели по засилената доза на вакцината.

„Доказите се јасни – вакцината помага во заштитата од ефектите на Ковид-19 и нуди високо ниво на заштита од хоспитализација и смрт на најранливите членови на нашето општество“, рече д-р Мери Ремзи, која е на чело на програмата за вакцинација во УКХСА.

УКХСА, исто така, објави првична анализа на ефикасноста на вакцината против омикронската подваријанта наречена BA.2, која е во пораст во Британија и Данска, наоѓајќи слични нивоа на заштита од симптоматска болест.

„По две дози, ефективноста беше 9 проценти и 13 проценти за BA.1 и BA.2, соодветно, по повеќе од 25 недели од таа доза“, наведува УКХСА.

„Ова се зголеми на 63 проценти за BA.1 и 70 проценти за BA.2 во периодот по две недели од бустер дозата“.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски