Британци против воена операција

Од:

Британските парламентарци гласаа против предлогот на Владата за воена интервенција во Сирија, а премиерот Дејвид Камерон рече дека ќе се почитува волјата на парламентот.

Тој по гласањето го призна поразот, истакнувајќи дека е јасно дека ниту британскиот народ , ниту парламентот не сакаат воена интервенција во Сирија.

Пратениците во Долниот дом на британскиот парламент со 272 гласа за и 285 против , му се спротивставија на предлогот на владата.

-Верувам дека силно треба да реагираме на употребата на хемиското оружје, но исто така верувам и во волјата на Долниот дом. Предлогот не е прифатен, јасно ми е дека британскиот парламент кој што го претставува народот не сака воена акција- изјави премиерот по гласањето.

Во резолуцијата која што ја поднесе Камерон беше предвидено, доколку инспекторите на ОН потврдат дека сириската армија употребила хемиско оружје, британската војска да им се приклучи на Американците и походот на Сирија.

Британскиот премиер верува дека САД ќе продолжи да ги бара одговорните за нападот во Дамаск и според него одсуството на Британија не би требало да ги сопре другите членки за пронаоѓање најдобро решение.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник