Бридлав: Да се искористат сите конвенционални средства за помош на Украина

Од:

Западот е подготвен да ги искористи сите инструменти од својот арсенал за да и помогне на Украина во битката против проруските сепаратисти, изјави на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен највисокиот воен чин во НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав.

Тој не прецизира дали тоа значи и вооружување на Киев.

Бридлав наведе дека дебатата е меѓу оние кои веруваат дека не е можно воено решение на украинскиот конфликт, како што се Германија, Франција и Велика Британија и тие кои сметаат дека Путин бара воено решение за украинското прашање.

Тој посочи дека ако преговорите не ги дадат посакуваните резултати тогаш треба да се искористат сите инструменти и конвенционални средства не треба а приори да бидат отфрлени.

Генерал Бридлав минатата недела изјави дека на украинската армија треба да и се достави дефанзивно оружје.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата