Бразил има над седум милиони заболени од Ковид-19, но претседателот вели нема да брза со набавката на вакцина

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не го поддржува глобалното брзање за купување и дистрибуција на вакцината против коронавирус.

„Брзањето не е оправдано“, рече Болсонаро во видео снимка што вчера беше објавена на социјалните мрежи од еден од неговите синови.

-Тоа е мешање во животот на луѓето, рече бразилскиот претседател.

Коментарот доаѓа откако бразилскиот лидер, кој од почетокот на пандемијата го минимизираше коронавирусот, пред три дена ги критикуваше производителите на вакцини „Фајзер“ и „БиоНТек“, со што се чини ги разгоре стравувањата на јавноста за потенцијалните несакани ефекти на вакцината.

-Договорот јасно наведува дека „Фајзер“ не е одговорен за штетните реакции. Доколку се претворите во кајман, тоа ќе биде ваш проблем, изјави тој. Кајман е полуводен влекач, сличен на алигатор.

Во оваа најголема земја во Латинска Америка, со население од 210 милиони лица, досега има повеќе од седум милиони заразени со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски