Главниот обвинител на Меѓународниот трибунал во Хаг, Серж Брамерц денеска оцени дека апсењето на осум лица во Србија под обвинение за воени злосторства во реонот на Сребреница е потврда за подобрување на регионалната соработка меѓу обвинителите од земјите на пооранешна Југославија.
Брамерц потврди дека Трибуналот доставил одредена информација поврзана за тој случај, како и дека не е вршен никаков политички притисок врз осомничените да бидат упасени.
– Во секој случај Хашкиот трибунал нема да се занимава со нив. Тоа е случај, на кого работеа колегите од Босна и Херцеговина и од Белград. Со случајот ќе се занимаваат локалните судови, посочи Брамерц, кој е во посета на Бања Лука, Република Српска.
Во Србија денеска беа уапсени осум лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивили во Кравице, во близина на Сребреница, каде беа убиени над илјада муслимани.