Брахими: Невиден степен на ужас во Сирија

Од:

Конфликтот во Сирија достигна “невиден степен на ужас”, оцени мировниот пратеник на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими и ги повика ОН да преземат нешто и да ги запрат злосторствата.

Брахими пред членовите на Советот за безбедност на ОН рече дека легитимноста на сирискиот претседател Башар ал-Асад е “непоправливо уништен”, поради судирите во земјата кои траат веќе 22 месеци, но дека сепак, тој може да се одржува на власт.

“(Судирите) достигнаа досега невидено ниво на ужасо. Не се гледа крајот на оваа трагедија. Се извинувам ако звучам како расипана плоча, но земјата се распаѓа пред нашите очи. Само меѓународната заедница и, на прво место Советот за безбедност, може да помогне” нагласи Брахими.

Владата стана “порепресивна”, рече Брахими, но додаде дека и силите на Асад, но и опозицијата извршиле “подеднакво страшни злосторства.”

Брахими додаде дека е загрижен за земјите што ја опкружуваат Сирија, поради конфликтот во таа земја, во која досега загинаа најмалку 60.000 луѓе, пренесе АФП.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град