Брахими ќе продолжи да дејствува како заеднички пратеник на ОН и Арапската лица за Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека меѓународниот посредник за уредување на конфликтот во Сирија Лахдар Брахими ќе продолжи да дејствува како заеднички пратеник на светската организација и Арапската лига, спротивно на тврдењата на дипломати, според кои тој бара да се разграничи од арапскиот блок.

Дипломати од ОН изјавија завчера дека Брахими се надева да ја промени улогата на посредник за постигнување мир во Сирија, при што ќе остане пратеник на ОН без официјална врска со Арапската лига.

Бан, кој вчера се сретна со Брахими, меѓутоа, ја отфрли идејата за промена на улогата на алжирскиот дипломат.

– Лахдар Брахими е и ќе продолжи да работи како заеднички специјален претставник. Многу е важно ОН да работи заедно со државите од Арапската лига, рече тој.

Според дипломати, причина за барањето на Брахими да се разграничи од Арапската лига, е нејзиното решение минатиот месец да ја признае сириската опозиција – чекор што се смета дека ја поткопува неговата улога на неутрален заеднички посредник на ОН и на арапската организација.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град