Борците на ИД започнаа со повлекување од Рака

Од:

Група борци на џихадистичката група Исламската држава (ИД) минатата ноќ се повлекоа од градот Рака, користејќи цивили како жив штит, соопшти денеска портпаролот на бунтовничката коалиција Сириски демократски сили, Мустафа Бали.

Тој нагласи дека припадници на Сириските демократски сили, кои ги сочинуваат неколку арапски и курдски бунтовнички групи, продолжуваат со борбите против преостанатите борци на ИД во Рака.

– Операцијата заврши, но борбите продолжуваат. Последните борци (на ИД), кои се согласија да го напуптат градот, се повлекоа, изјави Бали, додавајќи дека сепак дел од џихадистите, меѓу нив и странски борци, на се повлекле од Рака како што беше договрено.

Од друга страна, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, соопшти дека сите борци на ИД ја напуштиле Рака, која беше главно упориште на џихадистите на сириска територија и важеше за престолнина на т.н. Исламски Калифат, што групата го прогласи на териториите под незјина контрила во Сирија и Ирак.

Во соопштението на Центарот, чие седиште е во Лондон, се вели дека Рака ја напуптиле сите борци на ИД заедно со нивните семејстав и дека се упатиле на непозната локација.

Портапролот на меѓународната антиџихадистичка коалиција, предводена од САД, Рајан Дилон, пак, информира дека во последниве 24 часа се предале околу 100 борци на ИД, кои се „отстранети од градот“.

Претставникот на Цивилниот совет на Рака, Омар Алуш, вчера соопшти дека претставници на Сириските демократски сили и на ИД се договориле да им биде овозможено безбедно повлекување од градот на сириските и на странските борци од редовите на џихадистучката група.

Претходно, меѓународната антиџихадистичка коалиција соопшти дека на стрнците во редовите на ИД нема да им биде дозволено да се повлечат од Рака, туку тоа ќе им биде овозможено само на Сиријците.

Сепак, Алуш подоцна соопшти дека бил постигнат договор дека доброволната евакуација важи за сите борци на ИД.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски