Болсонаро: Ќе ја прифатам помошта доколку Макрон ги повлече коментарите

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека Бразил ќе ја прифати понудата за меѓународна помош и за борба против пожарите во Амазонија, но само доколку францускиоит лидер Емануел Макрон ги повлече, како што кажа, навредливите коментари.

Болсонаро изјави дека Макрон го нарекол лажго и го обвини францускиот претседател дека го доведува во прашање суверенитетот на Бразил по тензиите заради пожарите што ја зафатија Амазонија, пренесоа американските медиуми.

Бразилскиот претседател истакна дека Макрон мора да повлече некои свои коментари.

Американските медиуми наведуваат дека Макрон ја довел во прашање доверливоста и посветеноста на Болсонаро да ја заштити биолошката разноликост.

Групата 7 индустриски најразвиени земеји вети дека како помош за пожарите во Амазонија и заштитата на прашумата, на Бразил ќе му даде 20 милиони долари, со дополнителните 12 милиони долари од Велика Британија и 11 милиони долари од Канада, како и канадери за гаснење на пожари.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он