Германската служба за безбедност БНД, верува дека екстремистите на ИСИС поседуваат ракети со кои можат да соборат авиони, пишува германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Според сознанија на БНД, џихадистите имаат ракети од сириската војска кои датираат од 70-тите години, но и модерна и напредна технологија.
Ракетните фрлачи познати како Мандапс или преносен систем за противоздушна одбрана, се од руско производство, а се произведуваат и во други држави како Бугарија и Кина, наведе весникот.
Е. Г.