Блумберг: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја армија

Од:

САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја воена и одбранбена индустрија како дел од мировниот договор меѓу Москва и Киев, пишува Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори.

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф се очекува да го покрене ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин за време на нивниот следен состанок, рекоа неименувани извори.

Согласувањето Киев да има соодветно опремена армија и војска, како што бараат Украина и нејзините европски сојузници, би значело дека Путин ќе мора да се откаже од својата цел за демилитаризација на Украина, една од неговите главни воени цели.

Тоа е знак дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара одредени отстапки од Кремљ, како и од Украина, бидејќи се обидува да стави крај на војната која сега е во својата четврта година, наведува американската агенција, истакнувајќи дека досегашните предлози на САД биле поповолни за Русија, вклучително и инсистирањето на Вашингтон Украина да се откаже од своите аспирации за членство во НАТО.

Администрацијата на Трамп, исто така, сака Москва да ја врати украинската нуклеарна централа Запорожје, која ја зазеде при раната инвазија на својот сосед во 2022 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“