Блокадата на Фејсбук ја спушти посетеноста на австралиските онлајн медиуми

Од:

Веб-сообраќајот кон австралиските новински страници опадна за 13 отсто во државата и за 30 отсто од странство откако оваа недела Фејсбук ја блокираше содржината на вестите на својата платформа за австралиските корисници. Информацијата ја објави „Политико“, повикувајќи се на веб-аналитичка компанија „Chartbeat“.

Информациите, собрани од 255 австралиски страници и пренесени од локални медиуми, како што е Еј-Би-Си, го откриваат влијанието на забраната како одговор на предлогот на австралиската влада да ги принуди технолошките компании да им плаќаат на издавачите за нивната содржина.

Првично, Фејсбук и Гугл делуваа заедно против предложениот закон, но оваа недела двата гиганти усвоија различни стратегии. Гугл постигна договор со големите издавачи, додека Фејсбук го прекина пристапот на австралиските корисници до вести.

Премиерот Скот Морисон на прес-конференција се закани дека владата нема да отстапи и оти ќе ја принуди платформата да се придржува до законите на земјата.

Стана јасно дека Фејсбук вчера направиле грешка откако ги блокираа профилите на владините институции, што предизвика остри реакции од многу политичари и организации.

Гардијан објави дека на социјалната мрежа ќе и треба една недела пред да ги деблокира профилите на стотици организации што не се поврзани со медиуми, но се засегнати. Во исто време, ширењето на дезинформации продолжува да зема замав, јавија австралиски медиуми.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски