Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Од:

Стотици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја откако тропската бура Алфред, иако слабее, донесе силни ветрови, обилни врнежи и предупредувања за поплави во областа.

Според соопштението на австралиската компанија за дистрибуција на електрична енергија Енергекс, околу 316.540 луѓе во југоисточен Квинсленд останале без струја, а градот Голд Коуст е најпогодената област со повеќе од 112.000 луѓе без струја, пренесува Ројтерс.

Невремето стигна до брегот на Квинсленд во саботата како „тропска бура со низок интензитет“. Најсилните удари на невремето го заобиколија главниот град на Квинсленд, но бурата ја почувствуваа жителите на јужниот дел на државата и Нов Јужен Велс.

Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска изјави дека „ситуацијата во Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс останува многу сериозна поради поплавите и силните ветрови“.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Дете пронајдено починато во автомобил во Австралија – жена и три деца се ранети

А1он

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа