Дете пронајдено починато во автомобил во Австралија – жена и три деца се ранети

Од:

Едно дете е пронајдено мртво, а две деца и една жена се во критична состојба по напад со нож во австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Службите за итна помош беа повикани на улицата „Waratah Road“ во Вали Хајтс, во областа Блу Маунтинс.

Тие пронајдоа жена и три деца со убодни рани во возилото. Едното дете беше мртво, објави „Гардијан“, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата соопшти дека први на помош на повредените им притекнале случајни минувачи, кои и ги повикале службите за итна помош.

„Полициската управа на Блу Маунтинс доби информација дека неколку граѓани им пружиле прва помош на жената и на трите деца и ги повикале службите за итна помош“, изјавија од полицијата.

Екипите за итна помош им укажале помош на двете преживеани деца, за кои се верува дека се на возраст под пет години, како и на жената, која е на возраст од околу 40 години.

Децата се пренесени во Детската болница „Вестмид“. Сите се во критична состојба.

Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за да се утврдат околностите на нападот.

Од полицијата изјавија дека во оваа фаза од истрагата не трагаат по друго лице поврзано со случајот. Не се објавени дополнителни информации за тоа што се случило пред да бидат пронајдени жената и децата.

Полицијата апелираше до сите што имаат информации за инцидентот, како и снимки од мобилни телефони или од камери во возила, да стапат во контакт со истражителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Во училиште со нож ја уби екс девојката (18), а го усмрти и мажот кој се обиде да го спречи

А1он

Го прогласија за мртво, но по шест часа во мртовечница детето почна да дише

А1он

Маж избоде шест лица на железничка станица во Њујорк