Во училиште со нож ја уби екс девојката (18), а го усмрти и мажот кој се обиде да го спречи

Од:

Во приватно училиште во близина на Берлин, денеска се случи напад со нож во кој загинаа две лица.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен. Нападот се случил во Гозен-Ној Цитау, на границата меѓу Берлин и сојузната покраина Бранденбург.

Убиени се 18-годишна ученичка и 30-годишен маж кој се обиде да ѝ помогне. Засега нема информации дали има други повредени лица.

Според медиумите, уапсениот напаѓач има 19 години и наводно е поранешен партнер на убиената девојка. Неговата националност засега е непозната, како и тоа дали тој учел во училиштето каде што се случи нападот.

Во Германија во 2025 година биле регистрирани речиси 30.000 напади со нож, од кои речиси 1.000 завршиле со смртен исход.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Голем сајбер-скандал во Германија: Хакери објавија украдени податоци од Берлин

Осомничениот за терористичкиот напад на Берлин Прајд, Абдул Балу, е убиен во полициска акција

Берлин бара од Зеленски повторно да размисли за разрешувањето на Федоров

Брат му го уби со лопата, а мајка си ја обезглави – уапсен е 43 годишник во Сараево

А1он

(ВИДЕО) Заложничка криза во Берлин: Маж со нож држи вработена во супермаркет

Предраг Петровиќ