Блинкен: САД се убедени дека Иран го нападна танкерот кај Оман

Од:

САД се убедени дека Иран го изврши нападот со беспилотно летало врз израелскиот танкер во водите во близина на Оман, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ветувајќи дека со сојузниците, колективно, ќе му одговорат на Иран.

-Уште еднаш сакам да го осудам нападот извршен во петокот врз комерцијален брод … Ние извршивме темелна ревизија и убедени сме дека Иран го изврши нападот, рече Блинкен на редовниот брифинг со новинарите.

САД синоќа ветија дека ќе им дадат на Иран и неговите сојузници „колективен одговор“ на смртоносниот напад врз танкерот во кој загинаа двајца морнари, едниот Британец, а другиот Романец.

-Ние сме во тесен контакт со Обединетото Кралство, Израел, Романија и другите земји. Ќе следи колективен одговор, рече американскиот министер за надворешни работи, кој го обвини Иран за нападот од петокот.

„Иран продолжува да се однесува ужасно неодговорно“, посочи Блинкен, додавајќи дека „акциите на Иран се директна закана за слободата на пловење“.

Велика Британија, Романија, САД и Израел го обвинија Иран за смртоносниот напад врз танкерот, во сопственост на британската компанија „Зодијак маритајм“ и предводен од израелскиот бизнисмен Ејал Офер.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет викендов изјави дека Техеран „сакаше да нападне израелска цел“.

Иранскиот амбасадор во Обединетото Кралство вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи од државниот секретар за Блискиот Исток, Џејмс Клеверли.

„Државниот секретар Клеверли повтори дека Иран мора веднаш да престане со дејствијата што го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност и дека слободата на пловењето мора да биде дозволена во согласност со меѓународното право“, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Техеран повеќе пати ја негираше својата вмешаност во инцидентот.

-Инсинуациите на британскиот и американскиот министер за надворешни работи се неосновани и претставуваат политичка провокација што остро ја осудуваме, изјави вчера портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Сајид Катибзадех.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел