Блер: Брегзит мора да биде прекинат оти нанесува штета на Британија

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека постои шанса Велика Британија да не излезе од Европската унија и оти запирањето на Брегзит е „неопходно“ за да избегне државата голема економска штета.

Блер наведува дека лидерите на ЕУ можеби ќе сакаат да „и излезат во пресрет“ и да ја задржат Велика Британија во блокот од 28 држави.

Во изјава за Скај њуз тој вели дека „секој ден носи нови докази“ за штетата од Брегзит за Британија.

Тоа вклучува успорување на економскиот раст и пад на вредноста на фунтата од јуни 2016 година кога Британците на референдум одлучија да ја напуштат ЕУ. Блер беше британски премиер од 1997 до 2007 година.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници