Би-Би-Си заклучи дека не е во можност да прикажува точно време

Од:

Часовникот на насловната страница на Би-Би-Си е претставен во 2007 година, а дизајниран е врз основа на часовникот кој се појавувал на телевизијата меѓу програмите во на доцните 80-те години од минатиот век.

И покрај големиот број на начини на кои можеме да го дознаеме точното време, читателите на сајтот се пожалиле на неговото повлекување од сајтот во 2010 година, така што тој набрзо повторно е вратен.

Меѓутоа, како што е случајот и на бројните сајтови на интернет, часовникот на страницата на Би-Би-Си го подесува времето врз основа на часовникот на компјутерот на секој посетител.

Ова има слисла затоа што часовникот лесно се подесува на различните временски зони, но тоа не беше доволно за телото со кое управува Би-Би-Си, а кое реши да ја испита оваа контраверза во врска со неговата точност откако еден посетител на сајтот се пожалил.

Ова тело заклучи дека само Би-Би-Си може да утврди кое е точното време.

– Би-Би-Си гледа на прецизност многусериозно. Со оглед на сите технички потешкотии поставување на алтернативен центричен часовник и фактот дека поголем број на нашите посетители поседуваат часовник на својот компјутер, Би-Би-Си реши да го повлече часовникот од насловната страница на сајтот, стои во соопштението на ова тело.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он