Би-Би-Си: Макрон како претседател е добро решение за Франција и ЕУ, но и за Британија

Од:

Изборот на Емануел Макрон за нов француски претседател е добро решение за Франција и за ЕУ, но и за Велика Британија, која го отвори процесот за Брегзит, пишува Би-Би-Си во својата анализа на првиот круг од француските претседателски избори.

Според британскиот јавен електронски сервис, победата на центристичкиот политичар ќе ги задоволи проевропските политички сили, но и францускиот бизнис поради неговата опеределност доколку влезе во Елисејската Палата да го намали корпорацискиот данок, од сегашните 33 на 25 отсто.

Експертите во Лондон веруваат дека тоа ќе ја направи Франција поатрактивна за инвестицискиот капитал, а ќе помогне и за задржување на работната сила, па дури и за нејзино зголемување.

Десните, антиевропски сили во Британија, повеќе би сакале победа на крајната десница и на Марин Ле Пен, поради нивната крајна цел- растурање на ЕУ. Тие стравуваат дека Макрон, со претворањето на Франција во земја поатрактивна за инвестирање (од досега), директно им протвречи на плановите на Лондон да го направи истото.

Министри од владата на премиерот Тереза Меј, веќе се заканија дека доколку по преговорите со Брисел, Британците останат без договор со ЕУ, британската влада ќе го намали уште повеке корпорацискиот данок и ќе ја претвори Британија во „рајско место за инвестирање“ како директна конкуренција на Унијата.

Но експерти на кои се повикува Би-Би-Си, сметаат дека тоа нема да биде потребно, затоа што се сомневаат во можноста на Макрон да го спроведе својот план за корпорацискиот данок, затоа што во Парламентот ќе се соочи со силен отпор на социјалистите, кои во предизборната кампања беа против едно такво решение за Франција.

Во анализата на Би-Би-Си се вели дека Лондон и покрај определбата за Брегзит, сепак, не сака растурање на европскиот проект, па затоа се верува дека со Макрон како претседател ќе бидат задоволни и Французите и сите Европејци, но и Британците.

Британското задоволство со Макрон (а не со Ле Пен) доаѓа од пресвртот во политичките движења во Европа, по видливото „бледење на антиевропското расположение“ со неуспехот на холандскиот десничар Герт Вилдерс и со практичното распаѓање на германското десничарско движење Алтернатива за Германија.

Британскиот Брегзит, како политичка опција, колку и тоа да го посакуваа домашните десничари и антиевропејци, не се рашири низ Европа, а излегувањето на Велика Британија од ЕУ, не покрена таков бран кај другите во ЕУ, забележува Би-Би-Си.

Се верува дека тоа е најдобрата варијанта за Британија, бидејќи ќе и ја олесни позицијата во преговорите со Брисел, во кои ЕУ растоварена од заканата за некакво масовно бегање, помалку ќе биде изложена на „казнување поради бегството“ од Унијата.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС