Би-Би-Си: Британија најверојатно продавала компоненти за хемиско оружје на Сирија

Од:

Британија и продавала на Сирија хемикалии и други состојки кои се користат за правење смртоносен нервен гас, јави Би-Би-Си. Во документи од Форин офисот се гледа дека Сирија била снабдувана со хемикалии од Британија во 80-те години.

Во следните денови се очекува официјален Лондон да се изјасни дали британски фирми продавале таков според материјал и дали Сирија признала дека тие фирми имале улога во нејзината програма за хемиско оружје.

Како што наведува медиумот, британски министри ќе соопштат дека во тоа време немало адекватни прописи кои тоа би го регулирале, туку строга контрола и правила постојат денес. Нервниот гас Сарин се споменува во бројни напади во граѓанската војна во Сирија во изминатите три години.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник