Берлускони нема да учествува на изборите идната година

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека нема да ја предводи својата партија на парламентарните избори закажани за пролет следната година.

„Нема да ја предадам својата кандидатура, но ќе останам со младите луѓе кои можат да играат и да постигнуваат голови“, рече Берлускони, кој многу често користи фудбалски термини кога говори за политиката.

Тој рече дека неговиот наследник ќе биде именуван до крајот на годината и тоа со гласање на членовите од партијата.

„Се уште имам добри муслули во главата, но мојата улога ќе биде да советувам“, вели Берлускони и додава дека гласањето најверојатно ќе биде на 16-ти декември.

Берлускони се повлече од првите борбени политички редови, откако настана бранот на паника околу финансиската криза.

Тој власта ја предаде на Марио Монти, во ноември 2011-та година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим