Берлускони: Левицата ме обвини за сешто, освен дека сум геј

Од:

 Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека левицата го обвинила за сешто, освен дека е геј.

– Левицата ме обвини за сешто, освен дека сум геј и дека сум ги украл парите на Италијанците, изјави Берлускони во интервју за италијанското радио Капитал.

На прашањето дали ако го наречат геј е навреда, Берлускони изјави „Во мојот случај, Да“.

Во минатото Берлускони на неколку пати беше обвинет за хемофобија, особено откако изјави дека е подобро да му се допаѓаат убави жени, отколку да биде геј.

Откако најави дека планира да се врати во политиката, Берлускони повторно е во центарот на медиумската сцена во Италија.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов