Берлин ги прогласи Алжир, Мароко и Тунис за безбедни земји

Од:

Членовите на германската Влада постигнаа согласност да ги вклучат северноафриканските држави Мароко, Тунис и Алжир на списокот земји кои се доволно безбедни за во нив да бидат вратени одбиените баратели на азил, јави новинската агенција ДПА.

Покрај овие три држави што се наоѓаат на една од главните рути за мигранти кон Европа, германската Влада реши истиот статус да и го додели и на Грузија.

Предлогот треба да биде одобрен од Парламентот пред германската полиција да може да депортира одбиени баратели на азил од овие држави.

Опозициските партии Левица и Зелените беа против предлогот, велејќи дека посочените африкански држави се опасни за новинарите, припадници на етничките малцинства и за хомосексуалците кои бараат азил во Германија.

Германската Влада неодамна се соочи со сериозна политичка криза околу прашањето на миграцијата.

Би можело да ве интересира

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан