Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Од:

Три лица се пронајдени мртви во западниот дел на областа Вестервалд во Германија. Полицијата трага по осомничениот, а општината е затворена. Секое возило што сака да влезе или да излезе од населбата е контролирано, објави новинар од германската новинска агенција ДПА.

Нема конкретна опасност за населението, нагласи полицискиот портпарол. Сепак, полицијата бара од граѓаните да не примаат автостопери во своите автомобили во регионот околу општина Вајтфелд.

Телата се пронајдени денеска во куќа во општината Вестервалд. Голем број полициски сили се на терен, соопшти полициската команда во Кобленц. На местото на настанот е упатена и специјална единица (СЕК). Се претпоставува дека се работи за убиство кое се случило во раните утрински часови.

Се уште не се познати деталите за позадината на злосторството, како и за жртвите.

Би можело да ве интересира

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски