Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Анален Бербок допатува во ненајавена посета на Киев за да изрази поддршка за Украина, соопшти германското МНР.

Таа утринава по пристигнувањето во Киев најави издвојување на дополнителни 130 милиони евра за поддршка на Украина. Според неа, овие средства се наменети како хуманитарна помош и средства за стабилизирање на состојбата.

Како што рече таа за време на посетата на главниот град на Украина, Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година, вклучувајќи три милијарди евра оваа година.

– Одлуката на сегашните и идните владејачки партии да доделат дополнителни три милијарди евра за итна поддршка на Украина и да обезбедат уште 8,25 милијарди евра воена помош до 2029 година е израз на нашата силна меѓу партиска солидарност – нагласи Бербок.

Ова е нејзина 11-та посета на Украина откако ја презеде функцијата шеф на германската дипломатија и деветта од почетокот на Специјалната воена операција.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата