Берлин бара Вашингтон да ги разјасни наводите од Викиликс

Од:

Германското Министерство за надворешни работи објави дека негов висок претставник побарал од американскиот амбасадор во Берлин да изврши притисок со цел Вашингтон да ги расчисти обвиненијата објавени од Викиликс. според кои, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер бил мета на систематско прислушување.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, портпаролот на Министерството Мартин Јегер изјави дека заменик-министерот Штефан Штајнлајн вчера разговарал со американскиот амбасадор Џон Емерсон, само десетина часа откако Викиликс објави документ од кој се гледа дека Штајнмајер би прислушуван веднаш откако се вратил од службена посета на Вашингтон, каде се сретнал со неговата тогашна колешка Кондолиза Рајс.

Според Јегер, Германија инсистира да добие „неопходно објаснување и разјаснување за последните наводи на Викиликс, како и за другите прашања што се уште се отворени“.

На почетокот на месецов шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел го повика на итен состанок амбасадорот Емерсон, но тогаш германската јавност не доби детали за разговорите.

Според документите објавени на Викиликс, во последниве 30 години американската Агенција за национална безбедност (НСА) прислушувала десетици највисоки германски владини претставници меѓу нив канцелари и министри. Германските медиуми пренесоа и инфомрација дека НСА ги користела германските разузнавачки капацитети за прислушување на компании во Франција и Германија.

Основачот на Викиликс во петокот во интервју за весникот „Шпигел“ понуди да сведочи пред комисијата во германскиот Бундестаг која ја истражува шпионската афера.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува