Белорусија не ги пушта од притвор уапсените вработени во затворениот портал „Тут“

Од:

Десеттемина вработени во белорускиот портал „Тут“, чија работа властите ја забранија, ќе останат во притвор, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари.

Тројца новинари и седум менаџери на порталот синоќа беа уапсени во Минск и ниту еден од нив досега немал контакт со адвокат, а нивниот правен статус е непознат.

Белоруските власти вчера ја забранија работата на „Тут“ и извршија претреси во редакцијата и во домовите на неколку вработени.

Според белоруските власти порталот го прекршил Законот за медиуми со тоа што објавил содржина во име на Фондација која помага на жртвите на политичка репресија, но не била регистрирана. „Тут“ е обвинет и за затајување на данок и е покрената кривична истрага против неговите раководители, кои ако бидат осудени можат да добијат и до седум години затвор.

Белоруското здружение на новинари тврди дека со забраната за работа на „Тут“ милиони Белоруси ќе немаат пристап до објективни информации и оти власта ќе ја зголеми репресијата врз новинарите кои се спротивставуваат на државната пропаганда.

Белоруската власт предводена од претседателот Александар Лукашенко почна пресметка со неистомислениците откако избија масовни антивладини протести ширум земјата по претседателските избори што се одржаа на 9 август 2020 година. Демонстрантите бараа поништување на изборните резултати, според кои Лукашенко доби над 80 проценти од гласовите. Поради учество во демонстрациите упасени се над 34.000 луѓе, меѓу кои и новинари кои известуваа од протестите. Повеќе од 20 медиумски работници чекаат судење или издржуваат казна.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски