Белгискиот министер за здравство незадоволен од работата на ЕМА

Од:

Франк Ванденбрук, белгискиот министер за здравство, смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) не врши доволно продлабочени анализи за вакцината Астра Зенека.

До одлуката на ЕМА пред два дена дека оваа вакцина може да предизвика несакани нус појави Белгија ја користеше кај сите возрасни групи, но стратегијата се ревидираше веднаш потоа и Астра Зенека нема повеќе да се користи кај лица под 55 годишна возраст во Белгија.

Сепак министерот смета дека ЕМА не си ја завршила работата коректно.

-Сакам да знам, ако имате избор како ја делите? ЕМА има уште работа да заврши. Што правиме со втората доза? Може ли да користиме друга вакцина? ЕМА мора да ги разјасни овие прашања, изјави министерот.

Ванденбрук не е задоволен ниту со фактот што ЕМА не направила анализа на ризикот по возрасни групи и ја пренел оваа порака до неговите колеги во ЕУ.

ЕМА на прес конференцијата соопшти дека вакцината може да предизвика ретки појави на тромбоза, но не се произнесе за ризикот по возраст или пол.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски