Белгиски авиони Ф-16 уништиле рафинерија на џихадистите во Ирак

Од:

Два белгиски авиони ловци Ф-16 во текот на изминава недела уништиле мала рафинерија за нафта, што ја користеле џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во Ирак, соопштија локалните медиуми, повикувајќи се на воени извори.

Медиумите забележуват дека во воздушните напади немало човечки жртви, бидејќи нафтената инсталација не работела.

Рафинеријата била користена за производство на гориво за автомобилите на џихадистите.

Пред да го изведат нападот, пилотите два часа во воздух го чекале одобрувањето од ирачките власти.

Белгиската борбена авијација има задача да гаѓа персонал, превозни средства и инфраструктура на ИД.

Белгиските ловци дејствуваат само во Ирак, бидејќи Советот за безбедност на ОН им нема дадено мандат за напади врз џихадистите во Сирија.

Белгија во октомври и се приклучи на меѓународната коалиција против ИД. Нејзините ловци ја користат  военовоздухоловната база во Јордан, од каде дејствуваат исто така и екипажи на САД и Холандија.

Белгискиот придонес во операцијата се пресметува на пет проценти од
вкупните активности на коалицијата против ИД од воздух, се појаснува во информацијата на локалникот белгиски печат.

Би можело да ве интересира

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ