Белата куќа одбила понуда на Фајзер да обезбеди повеќе вакцини за САД

Од:

Официјални лица од администрацијата на Доналд Трамп летоска одбиле понуда на фармацевтската компанија Фајзер за продажба на дополнителни дози вакцини против Ковид-19 во САД, објави синоќа Њујорк тајмс.

Поради тоа, компанијата сега можеби не е во можност да обезбеди повеќе од својата вакцина во САД до јуни 2021 година. Фајзер за земјава има направено 100 милиони вакцини, доволни за 50 милиони луѓе бидејќи се даваат во две дози.

Претседателот Доналд Трамп планира денеска да потпише указ „за САД да обезбедат приоритет Американците први да ги добијат вакцините, пред да бидат пратени во други земји“, се дознава од нацрт текстот од Белата куќа.

Не е јасно дали овој указ има сила да промени веќе склучени договори. Фајзер и и неговиот германски партнер БиоНТех обезбедија 200 милони дози вакцина за Европската Унија, договорот за ова беше потпишан пред неколку месеци.

Испораката на вакцини за ЕУ треба да започне пред Нова година, и договорот вклучува опција за дополнителни 100 милиони дози.

Поради тешката ситуација со пандемијата во земјата и побарувачката по препаратот, се очекува да започне да се дава веќе од крајот на неделава, може да се случи да има недостиг од вакцината, па општата популација во САД најверојатно ќе може да ја прими Ковид-19 вакцина многу подоцна, во мај или во јуни, наведува Ен-би-си.

Во изјава од Фајзер укажуваат дека „кој било број на дополнителни дози поголем од 100 милиони е предмет на одделен и заемно прифатен договор“. Компанијата не коментира доверливи разговори што можеби сега ги води со американската Влада.

Од Белата куќа синоќа ги демантираа наводите од некои медиуми дека одбиле поголем број на вакцини за САД, со укажување дека чекале лекот прво да биде одобрен од Администрацијата за лекови и храна (ФДА).

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски