Бела книга на Пентагон: Русијa e во конфликт со Западот поради својата геостратешка несигурност

Од:

Русија не претставува само воена, туку и политичко-идеолошка закана за западните земји, а нејзиното однесување се темели на вкоренетата геостратешка несигурност по колапсот на Советскиот Сојуз, се вели во извештајот составен од повеќе аналитички центри од САД, објавен синоќа од Пентагон.

Според нив, конфликтната политичка ситуација во САД е поволна за Москва и ги спречува американските политичари да ја сфататат сериозноста на заканата.

Новиот извештај од 167 страници насловен „Руските стратешки намери“ е во својство на бела книга, составена од авторитети на водечките истражувачки и воено образовни центри на САД и дава патокази на администрацијата како да одговори на руската закана. За разлика од обичните извештаи на експерти од воените институции, белите книги се документи обично достапни за јавноста.

Конфликт со Западот со цел намалување на хегемонијата на САД, уважување од Европа и стратешко партнерство со Кина се главните цели на руската надворешна политика, а Владимир Путин силно се придржува на глобална стратегија насочена кон тоа Русија да го врати влијанието на меѓународната сцена, укажуваат авторите.

– По 20-годишното владеење на Путин, Русија претставува не само политичка и воена, туку и идеолошка закана. И покрај тоа што НАТО и понатаму има воена предност, таа се намалу, а проблемите на западниот свет во некои области предизвикуваат загриженост. Уште повеќе, неподготвеноста на западните политичари и влади да се спротивстават како на идеолошките, така и на политичките и воените закани на путинизмот значи дека е зголемена заканата од воен конфликт, се вели во извештајот.

Се додава дека руската надворешна политика има неколку цели. Да го „врати и задржи влијанието во поранешите советски репбулики, да го врати имиџот на голема држава на меѓународната сцена“… а потоа „да се претстави како добросовесен партнер, клучен играч во регионалната политика, но и успешен посредник кој може да постигне економски, воени и политички успеси на меѓународната арена“.

Се додава дека во американската националната стратегија за безбедност, за одбрана и во националната воена стратегија се укажува дека во идните судири помеѓу големите сили се помалку ќе се користат воени средства и дека голема улога ќе игра економската конкуренција, кампањите за влијание, паравоените операции, кибер нападите, како и пропагандната манипулација и шпионажата.

Сите тие средства ги користи Москва и „американските специјални служби не можат да одговорат на дејствата на Русија“ поради „отсуство на координација помеѓу службите“.

Според извештајот, причина за ваквото однесување на Русија е нејзината „длабоко вкоренета геостратешка несигурност“ по колапсот на Советскиот Сојуз.

Белата книга за руската закана е дел од американската стратешка повеќеслојна проценка насловена „Иднината на глобалната конкуренција и конфликт“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски