Бела енклава сака да се отцепи од црна Јужна Африка

Од:

ДПА – Хамбург

Две децении по падот на апартхејдот, бела енклава во Јужна Африка сака да го зачува својот начин на живот и сонува за независна држава.

На аголот на улица во јужноафриканското село Оранија, украсен со цвеќе, има статуи и музеј на Хендрик Фервурд – премиер од 60-ите години од минатиот век, како спомен за еден од архитектите на апартхејдот.

Ниту еден црнокожец не може да се види по чистите улици со редици од луксузни куќи.

Служители, градинари и чистачки – вообичаен црнокожни луѓе во Јужна Африка, во Оранија се бели.

Повеќето Јужноафриканци гледаат на селото со 1.100 жители како на последен бастион на расната дискриминација, откако таа беше отстранета од целата земја со изборот на Нелсон Мандела за првиот црн претседател во 1994 година.

Но ораничани тврдат дека само сакаат да си го зачуваат уникатниот начин на живот на белата африканска етничка група – африканерите.

– Не сакаме да се претопиме во останатиот дел од Јужна Африка, наречена од Мандела „нација на виножитото“, вели Карел Бошоф, внук на Фервурд и претседател на движењето Оранија. Движењето, кое неодамна неофицијално е сврзано со мала африканерска парламентарна партија, се стреми за самоопределување на 2,7-те милиони африканери во Јужна Африка, кои се познати уште и како бури.

Тие се потомци на холандски и други европски доселеници од 17-иот век и доминираа во политиката во епохата на 46 години апартхејд.

– Сакаме да останеме верни на својата култура и јазик, тврди Бошоф. Само луѓе кои го зборуваат јазикот Африкаанс (јазик со доминантно холандско потекло) и кои се самоопределуваат како африканери можат, да се доселат во Оранија.

Селото не признава дека дискриминира повеќе од четири милиони Јужноафриканци – црни луѓе со мешана раса или од индиско потекло, кои исто така дома зборуваат Африкаанс. Претставници на селото преупредуваат дека луѓе кои не се бели, не би се чувствувале како дома во Оранија, која ги слави настаните како што е победата на бурите над зулу армијата кај Бралд ривер во 1838 година.

Во лични разговори, не е тешко да се слушнат расистички коментари. Идејата за самоопределување на африканерите започнува да се развила во текот на 70-ите години, кога станало очигледно дека „управувањето на белото малцинство не е одржливо и дека смената на власта ќе има големи социјални последици за африканерите, објаснува Бошоф.

Некогаш доминантниот јазик сега е само еден од 11-те официјални јазици во Република Јужна Африка. Тој се повеќе отстапува пред Англискиот јазик на универзитетите и во училиштата, рече Џејмс Кемп од движењето Оранија.

Крајот на апартхејдот ги засега и економски приближно пет милионското белокожно население на Јужна Африка. Многу африканери ја загубија својата работа во државната администрација, а некои од нив дури и живеат во сиромашни квартови, тврдат луѓе кои работат во Оранија. Таа е создадена четири години пред крајот на апартхејдот, на почва која е закупена од своите основачи. Селото во кое има работилници и продавници, и е заобиколено со селскостопанска земја, ја потенцира својата независност и ја користи во месните зделки својата локална валута – ора.

Населението расте 10 проценти годишно во последните три години, велат претставници на заедницата. Меѓу новодојдените има сиромашни африканери, на кои им се доделуваат општински (социјални) домови и работа. Оранија е толку безопасна што таму нема потреба од полициска станица, а тоа е важен привлечен фактор во земјата која е позната по високиот степен на престапи. Многу африканери се преселуваат во Оранија и затоа што им е преку глава од останатите јужноафриканци врз нив ја фрлаат сета вина дека го вовеле апартхејдот, вели Кемп.

-Живеам меѓу свои и нема потреба да ги заклучувам вратите од страв од претстапници, рече двојката пензионери Герт и Џенет Еразмус.

Оранија ги почитува вредностите на „фортрекерите“ – бурите фармери, кои ја преорале Јуѓна Африка со воловски колички за да избегаат од британското управување во 19-иот век.

Меѓу тие вредности се Библијата (осум различни протестантски деноминации се присутни во Оранија), макотрпниот труд и независноста.

-Ние сме новите форттрекери, вели бизнисменот Сарел Рутс, сопственик на еден од трговските центри во Оранија. Јужноафриканската влада не се меша во работите на Оранија, која тврди дека аспирациите и одговараат на клаузулите во уставот, овозможувајќи самоопределување на заедницата. Мандела дури и ја посети Оранија во 1995 година.

Основачите на Оранија ја создале во пространата ретко населеена провинција Северен Кап, со цел на крајот да ја прошират до автономија, па дури и до независна африканерска држава (Африкаанер фолкстаат), раскажува Кемп.

Идеалот за независност датира од крајот на 19-иот и почетокот на 20-иот век, кога независната бурска република води (и губи) војни против британските обиди да ја анектираат.

Фервурд подоцна се обидува да ги држи јужноафриканските етнички групи разделени, па прави бантустани – формално независни црни „држави“, кои служеле како извори на ефтина работна сила.

На брдо над Оранија, над зелените ниви, се издигаат статуите на Фервурд и други лидери од времето на апартхејдот, откако нова Јужна Африка ги тргна од државните згради.

Оранчани сакаат да ја обнова таа визија (која повеќето јужноафриканци ја сметаат за изживеана) – етничките групи да живеат одвоено.

-Дебатата за независност сега е само теоретска, потвлекува Бошоф.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија