Башар ал-Асад: Турција сака нова Отоманска империја

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад вчера даде интервју за египетскиот весник Ал-Ахрам во кој се наведува дека „еден амбициозен нов сосед, сонува за нова Отоманска империја.”

Асад жестоко ја критикува Турција, земја која можеби и највеќе работи на поттикнување на сирискиот конфликт давајќи политичка, логистичка и друга поддршка на вооружените борци кои преку турската граница влегуваат во Сирија. Претседателот Асад истакнува дека „Турција не е загрижена за интересите на сопствениот народ” и дека е фокусирана само на сопствените амбиции, кои вклучуваат “нова Отоманската империја.”

Тој, исто така, истакна дека Турција ги отвори своите граници и аеродроми за терористите кои пристигнуваат во Сирија и дека е се работи за отворено кршење на меѓународното право. Не пропушти да спомне и други земји во регионот, кои се длабоко инволвирани во создавањето на хаосот во Сирија – “. Катар ја користи моќта на парите и се врти во орбитата заедно со Западот со испраќање на оружје и пари за терористите за да се повтори либиското сценарио” Исто така, истакна – “Катар беше најбрз во потпалување на насилството.”

Истакнува дека Турција, Катар и Саудиска Арабија – кои им дадоа поддршка на бунтовниците – „Нема да ја добијат оваа битка.”

„Одеднаш тие ги видоа парите во своите рацет после подолг период на сиромаштија и сега мислат дека со нив ќе ја купат историјата”, изјави сирискиот претседател, нагласувајќи дека Сирија ќе го порази тероризмот и ќе излезе како победник, бидејќи терористите немаат поддршката од народот.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град