Басеску: Романците нема да навлезат неконтролирано во Велика Британија по 1 јануари 2014 година

Од:

Гарантирам дека Романците нема да навлезат неконтролирано во Велика Британија по први јануари 2014 година кога прекинува рокот за ограничувања на пазарот на трудот, изјави романскиот претседател Трајан Басеску на годишна средба со акредитираните амабсадори во Букурешт.

– Им гарантирам на Британците и на сите заинтересирани дека Романците нема да ја преземат Велика Британија. Романија е една многу убава држава, нагласи тој.

Според него, поставена е цел од Букурешт да направи големи напори за зацврстување на партнерските врски со Велика Британија.

Минатата недела романскиот министер за надворешни работи Титус Корлацјан изрази незадоволство од фактот што темата за потенцијален бран романски имигранти по укинувањето на рестрикциите е искористена во предизборната кампања во Велика Британија.

Тој нагласи дека Романците не се третирани коректно и покрај тоа што придонеле со трудот за Олимпијадата во Лондон и за економски раст на државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Земјотрес ја погоди Романија